еМагазин
Image default
Свет

СЗО: Во еден ден рекордни 183.000 новозаболени од корона вирусот

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека вчера регистрирале најголем дневен број на новозаболени од новиот коринавирус од почетокот на пандемијата.

Повеќе од 183.000 нови случаи беа регистрирани ширум светот во неделата.

Најмногу се пријавени во Бразил – 54.771 случаи, а потоа следат САД со 36.617. Повеќе од 15.400 заболени биле пријавени во Индија за еден ден.

Експертите велат дека зголемувањето на бројот на случаи може да е одраз на повеќе фактори, вклучително и повеќе тестирање, но и ширење на инфекцијата.

За време на пандемијата, СЗО пријавила 8.708.008 случаи, од кои 183.020 во последните 24 часа.

Од појавата на болеста, во светот се регистрирани 461.715 смртни случаи, со дневно зголемување вчера од 4.743. Повеќе од две третини од тие нови смртни случаи се пријавени во Северна и Јужна Америка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бајден избран за претседател на САД

Редакција

ОН: Лани изгубени четири пати повеќе работни места отколку во светската финансиска криза во 2009 година

Редакција

(Видео) Путин четири часа одговараше на 1.700 новинари: Еден ден ќе морам да се женам

Редакција