Од Здравствен Дом-Скопје информираат дека денеска согласно вообичаениот распоред за работа за недела и за празници ќе функционираат дежурните ординации за здравствена заштита во трета смена, во поликлиниките: Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар.
„Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа, а со вообичаено работно време ќе функционира и единицата за домашна посета,“ информираат од Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.