еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДИК: Гласањето непречено, одзивот до 9 часот од 5 изборни единици 5,19 отсто

Гласањето на предвремените парламентарни избори во првиот час и половина минува непречено, а одзивот на гласачите според податоците до 9:00 часот од 2.326 избирачки места, каде гласале 94.167 гласачи е 5,19 отсто, информираше портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК), Адмир Шабани на прес-конференција.

Навреме се отворени сите гласачки места во 7:00 часот, а гласањето ќе заврши во 21:00 часот.

Се гласа на 3.480 избирачки места, а на 90 има помалку од десет гласачи така што тие се изјаснуваат во најблиското гласачко место.

Во ИЕ 1 одзивот на гласачите е 6,58 отсто. Најмногу гласачи до 9:00 имало во општина Аеродром каде одзивот е 10,13 отсто, додека најмал е одзивот во Студеничани – 1,81 отсто.

Во ИЕ 2 одзивот е 4,58 отсто. Највисок е во Ѓорче Петров – 8,05 отсто, а најмал во општина Липково – 0, 93 отсто.

Шабани не ги соопшти податоците од изборната единица 4.

Во ИЕ 3 одзивот до 9:00 часот е 6,1 отсто. Во оваа изборна единица најмногу гласачи до 9:00 часот излегле во Крива Паланка – 8,31 отсто и Пробиштип со 10,25.

Во ИЕ – 5 одзивот е 5,22. Највисок е одзивот во Кривогаштани 13,1, додека во Центар Жупа е најмал – 1,01 отсто.

Во ИЕ – 6 одзивот на гласачите е 2,59. Во Јегуновце бил највисок 4,17 додека најмал во Врапиште 1,39 отсто.

Право на глас на овие избори имаат еден милион 814 илјади и 613 гласачи.

Шабани информираше дека во понеделникот правото на глас го искористиле вкупно 723 граѓани позитивни на Ковид -19 и во самоизолација.

Од вкупно 8.852 болни, немоќни и хронично болни чии пријави беа прифатени гласале 8.325 односно 94,04 отсто.

Во 13 Казнено-поправни домови од 1.657 запишани во избирачкиот список гласале 1.272 односно 76,76 отсто. Во 17-те старски домови од 357, гласале 234 избирачи односно 80,62 отсто.

Шесте внатрешно-раселени лица не гласале.

До одржувањето на прес-конференцијата, официјало не пристигнал ниту еден приговор за гласањето до ДИК.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предвремени парламентарни избори: Македонија гласа со маски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство бара притвор за малолетникот кој усмрти жена на Пластичарска улица

Редакција

Казнети 644 лица за неносење маска

Редакција

Колкави приходи оствариле лани телевизиите Телма, Канал 5, Сител, Алсат М и Алфа

Редакција