еМагазин
Бизнис

Тајмиште од Кичево во првите шест месеци од годината со загуба

Тајмиште АД Кичево во периодот јануари-јуни 2020 година оствари негативен финансиски резултат искажан во билансот на успех, соопшти компанијата преку Македонската берза.

“Вкупните приходи од 01.01-30.06.2020 година изнесуваат 30.932 илјади денари и истите се намалени за 57,93% во споредба со приходите во истиот период од претходната година.

Вкупните расходи во овој период изнесуваат 38.991 илјади денари и истите се намалени во споредба со расходите остварени во истиот период од 2019 година за 45,94%.

Вкупните обврски по кредити во банки на 30.06.2020 изнесуваат 3.948 илјади денари.

За периодот од 01.01-30.06.2020 година друштвото оствари загуба од 8.059 илјади денари“, велат од компанијата.

Влијанието на корона вирусот негативно се одрази на работењето на друштвото, посочуваат од таму.

„Се применуваат мерките за заштита во новонастанатата состојба. Одборот на директори презема
активности за изнаоѓање нова работа како би се остварил подобар финансиски резултат“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Тајмиште“ со загуба од 8,6 милиони денари во првите три месеци од годината

Намалени приходите на „Тајмиште“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка наградена за најдобра банка во категорија „Поврат на капитал“ oд реномираниот магазин „Finance Central Europe“

Редакција

„Триглав осигурување“ лани оствари добивка од 15,2 милиони денари

Редакција

Илон Маск со еден потег го вивна Биткоинот: Криптовалутата „скокна“ 24 отсто за 24 часа

Редакција