еМагазин
Image default
Македонија

Битиќи од Царовска ја презеде функцијата вицепремиер за економски прашања

Фатмир Битиќи денеска ја презеде функцијата претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори од досегашната вицепремиерка Мила Царовска.

Тој најави продолжување на заложбите на Владата во нова развојна економија која пред се ќе носи стабилност и предвидливост, иновативност и шанса за секој граѓанин.

Како што соопштија од Кабинетот на ЗПВРСМ за економски прашања, на примопредавањето Царовска и Битиќи разговарале за досега сработеното и за идните предизвици поврзани со економскиот раст и развој на државата.

Во срдечна атмосфера обајцата си посакале многу успех во претстојниот мандат, ефикасно справување со предизвиците и квалитетна соработка, имајќи ја повисоката цел в предвид, а тоа е држава со која сите ќе се гордееме.

Царовска, која од денеска ја презима функцијата министерка за образование и наука, му посакала успех на Битиќи на новата должност. Таа посочила дека очекува добра соработка во рамки на новата Влада и оти ќе се продолжи со создавање и имплементација на успешни политики и преку реформски процеси да се движи земјата напред.

На позицијата вицепремиер за економски прашања Битиќи доаѓа откако во минатиот мандат ја извршуваше должноста посебен советник на премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што пишува во биографијата на Мила Царовска, новата министерка за образование и наука

Адеми со цвеќе ѝ ја предаде функцијата на Царовска, новата министерка за образование

Каков имот пријавила Мила Царовска, новата министерка за образование и наука

МИА/Фото: ЗПВРСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад: Регистрирани 88 нови случаи на заболени од корона вирусот од 973 тестирања

Редакција

Ковачевски очекува ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание

Редакција

Нови 155 случаи на Ковид-19 од 1.179 тестирања

Редакција