еМагазин
Image default
Бизнис

Делчевска конфекција исплатила износ под минимална плата на вработени кои користеле мерки за време на пандемијата

Вработени во приватна конфекција во Делчево кои користеле мерки во време на пандемијата добиле паричен надомест под минималната плата за периодот додека траеле мерките. Во објавата на својот Фејсбук профил од „Гласен текстилец” соопштија дека на удар на работодавците биле бремени, хронично болни и родители на деца до 10-годишна возраст.

-По добиени сознанија за конфекциите Крзно и Крзно Делчево за исплата под минимална плата за вработени кои користеле мерки во време на пандемијата „Гласен Текстилец“ поднесе барања за инспекциски надзор до надлежниот Трудов инспекторат за корекција на плата.

По извршениот инспекциски надзор, инспекторка од областа на трудот го задолжи работодавачот на двете гореспоменати фирми да направи корекција на плата за вкупно 21 лице кои ги користеле мерките од Владата, се вели во објавата на “Гласен Текстилец“.

Против работодавачот, како што стои во понатамошниот текст издадено е решение и дадена наредба да се направи корекција на плата со рок од 10 дена.

-Ова е доказ за уште една успешна соработка меѓу Државниот трудов инспекторат и “Гласен Текстилец“ во насока на заштита на работничките права во време на оваа криза од Ковид -19, се вели во продолжение од објавата на здружението.

Оттаму додаваат дека овој период, вработените од приватниот сектор биле први на удар, при што меѓу најранливите категории вработени се бремените жени, хронично болните и мајките на деца до 10 години.

Од здружението додаваат дека внимателно ќе продолжат да ги следат состојбите, при што со правна помош и поддршка ќе се обидат да им помогнат на сите кои ја бараат нивната помош.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за два денари, дизелот поевтинува за еден денар

Редакција

(Галерија) Избор на агенцијата „Марили“: Оваа се најуспешните жени менаџерки во Македонија

Редакција

УЈП почнува со достава на „претпополнети“ даночни пријави

Редакција