еМагазин
Image default
Локално

Саемот на книга со продолжено работно време денеска и во сабота

Поради зголемениот интерес од страна на читателската публика, а воедно и поради почитување на протоколите за заштита од Ковид – 19, организаторите на Саемот на книга заедно со Македонската Асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија – ЗИКМ, Здружението на албанските издавачи од Македонија и Сојузот на албански издавачи во Македонија, донесоа одлука Саемот на книга да има продолжено работно време во петок (11.09.2020) и и сабота (12.09.2020).

Работното време за петок (11.09.2020) е од 10:00 до 21:00 часот, а работното време за сабота (12.09.2020) е од 10:00 до 22:00 часот. Сите други денови останува со редовното работно време.

Ги потсетуваме сите посетители, со цел да се избегнат гужвите на билетара, дека својот билет за Саем на книга можат да го купат и преку оn-line електронскиот систем на www.karti.com.mk по цена од 30 денари (директен линк: www.karti.com.mk).

Саемот на книга е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како почна ски-сезоната на Попова Шапка: Со скиите на рамо по планината пешки, “пошто“ ски-лифтот тргни-застани-застани

Редакција

Наставник физички нападнал 14-годишен ученик во Скопје

Редакција

Детален возен ред на ЈСП за Задушница: Денеска и утре повеќе автобуси

Редакција