еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бендот New Order се пофали со наградата доделена од филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Светски реномираниот бенд New Order, кои се едни од најголемите бендови на сите времиња се „артисти во фокус“ на филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити и беа наградени со награда за животно дело за достигнувања во музиката и филмот.

Наградата им беше врачена во Манчестер. По повод оваа награда, тие се пофалија на нивните официјални профили на Facebook и Tweeter заблагодарувајќи се на фестивалот за укажаната чест.

„Оваа награда ја изразува нашата почит за музиката на бендот, која практично претставува саундтрак на нашите животи и е нераздвоен дел од современата култура. Нивните песни се совршен спој од срце и душа, исполнети со музички иновации и смело експериментирање. Како резултат на тоа, нивната музика обележала повеќе музички сцени што се појавиле почнувајќи од ’80-тите до денес. Тоа ги прави да се достојни на нашата восхит и почест,“ вели директорот на фестивалот Ненад Георгиевски.

Фестивалот беше отворен со филмот „Декади“ на режисерот Мајк Кристи во дворот на Кинотека на Македонија и на тој начин им беше одадена посвета на составот. За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019) и Влатко Стефановски (2019).

Наградата за бендот, а и сите визуелни решенија, се дело на Дијана Димитриевска која е долгогодишен соработник на фестивалот и важи за една од најинвентивните млади дизајнерки.

Инаку, со џез вечерта на Скопје Синема Сити и прикажувањето на филмовите „Го викав Морган“ и „Бил Фрисел“ се заврши првиот викенд на Скопје Синема Сити и следниот е најавен за 2 и 3 октомври во Кинотека на Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

The Banker по десетти пат ја награди НЛБ Банка за „Најдобра банка за 2019 година“

Редакција

(Видео) Спасена повредена срна која поминала на „гости“ во Свети Наум

Редакција

Стопанска банка АД – Скопје со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“ – Скопје

Редакција