еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Спасена повредена срна која поминала на „гости“ во Свети Наум

Совесни граѓани, полициските службеници и вработените во Националниот парк Галичица неодамна спасија мала уплашена и повредена срна која била забележана кај ресторанот во Свети Наум.

Ослободување на срна во НП Галичица

Денес, после повик од страна на вработени во ресторан во Свети Наум, наидовме на повредена и уплашена срна. При увид на вработени од ЈУНП Галичица, беше утврдено дека срната има мала исекотина на тетива на задна нога, но дека тоа нема да претставува проблем за брзо опоравување и правилно функционирање. Потоа срната беше одвезена и пуштена на безбедно место, во границите на Национален Парк Галичица, во соодветно живеалиште зависно од нејзините потреби.Во оваа прилика им се заблагодаруваме на полициските службеници од Граничен Премин Св. Наум, како и на совесните граѓани кои го пријавија случајот во ЈУНП Галичица.

Posted by National Park Galicica on Петок, 29 ноември 2019

„После повик од страна на вработени во ресторан во Свети Наум, наидовме на повредена и уплашена срна. При увид на вработени од ЈУНП Галичица, беше утврдено дека срната има мала исекотина на тетива на задна нога, но дека тоа нема да претставува проблем за брзо опоравување и правилно функционирање.

Потоа срната беше одвезена и пуштена на безбедно место, во границите на Национален Парк Галичица, во соодветно живеалиште.

Во оваа прилика им се заблагодаруваме на полициските службеници од Граничен Премин Св. Наум, како и на совесните граѓани кои го пријавија случајот во ЈУНП Галичица“, соопштија од паркот на нивната Фејсбук страна.

Видео/фото: Фејсбук/НП Галичица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Технокомерц продава имот во вредност 1,5 милион евра

Редакција

„Македонијо во срце те носиме“ со концерт во Битола на 13 септември

Редакција

Викендов уште постудено, се очекува снег на планините

Редакција