Во однос на мерките за заштита од Ковид-19 и критиките, претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски денеска изјави дека „ако некој знае нова мерка нека ни ја каже и ние како здравствена комисија ќе ја прифатиме.“
„Но тоа да биде мерка која е прифатена во светот. Ние работиме согласно светските протоколи. Протоколот кој го дава Светската здравствена организација (СЗО) за Германија, Франција и Шпанија за лекување ни го дава истиот и нас.
Ајде да застанеме сите заеднички сплотени во оваа борба. Да не дозволиме луѓе кои не се во струката да зборуваат за епидемиологија или уште полошо лекување. Немојте некој кој не излегол од канцеларија да се прави најголем лекар овде,“ рече Караџовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Караџовски: Прашање е кога здравствените работници ќе паднат
Осумдесет отсто од регистрираните случаи со Ковид-19 биле асимптоматски, вели Караџовски
Над 85% од починатите од Ковид-19 се со претходни заболувања, вели Филипче
Полициски час не е решение, смета Филипче
Фото: Влада