Министерството за образование и наука (МОН) информира дека го повлече учебникот Македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина.
„Во овој учебник се констатирани дискриминирачки текстови, но и примери коишто ја засилуваат родовата нееднаквост. Утврдени се голем број пропусти и грешки, но и непочитување на македонската стандарднојазична норма“, соопшти МОН, додавајќи дека продолжува со силни реформски процеси во образованието и со обезбедување квалитетни и современи материјали за учениците и наставниците.
МОН информира дека е во тек подготовка на целосно нов Закон за учебници со кој ќе се надминат недостатоците во овој сегмент од образованието.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.