еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична пријава за Лидија Димова, сопственикот на В.Е.З. Трејд и двајца соработници во Агенцијата

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова и против сопственикот на Друштвото за трговија и услуги В.Е.З. Трејд, Зоран Златковски.

Кривичната пријава е поднесена и против А.Г., надворешен советник  и против А.П, благајник во Агенцијата за европски образовни програми и мобилност.

Осомничени се дека причиниле штета во вкупен износ од 25.334.543 денари.

Се товарат за кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“, „измама на штета на средства на европската заедница“, „соизвршителство“ и „несовесно работење“.

– Пријавените Л. Д. како директор на НАЕОПМ, З. З како управител и сопственик на Друштво за трговија и услуги увоз-извоз В.Е.З. Трејд ДООЕЛ Скопје,  А. Г. како надворешен соработник и А. П. како благајник на НАЕОПМ причиниле штета од големи размери на доверените средства на Европската заедница во вкупен износ од 25.334.543 денари, информира Финансиската полиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Масовни протести во Атина, Солун и Патра за убиството на 15-годишното момче од полицаец во 2008 година

Редакција

Грција оди на избори на 21 мај

Редакција

Пожар на армискиот полигон Криволак

Редакција