еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваат 426 болни сомнителни и потврдени за Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид центарот на Клниката за неврологија, двајца болни на Клиниката за дерматовенерологија, седум пациенти на ковид одделението на Клиниката за гастроентерохепатологија и осум пациенти се примени на Клиниката за нефрологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени четворица.

На Кожната клиника во ковид центарот во моментов се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица.

Во ГОБ 8 септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 160 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 12 деца и 28 возрасни.

Од вчера пациенти сомнителни и потврдени за Ковид- 9 се примаат и во ковид центарот на Клиниката за нефрологија. Таму во моментов се сместени осум пациенти и има уште 17 слободни кревети.

Вкупно 426 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство информираат дека и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, слободни места во моментов има доволно во ковид центрите на интерните клиники, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Во наредните неколку дена со работат ќе почне и ковид центарот на Клиниката ОРЛ. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна подршка.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски одлучи Армијата да биде ангажирана во Дебар и Центар Жупа

Редакција

Убава вест: Оздравени 46 пациенти, вкупно до сега 1.803

Редакција

Владата го овласти амбасадорот Талески да изрази согласност за приемот на Шведска и Финска во НАТО

Редакција