еМагазин
Image default
Македонија

Лекарите и медицинските сестри од Воениот медицински центар и студенти од денеска волонтираат во ковид центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воениот медицински центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во Скопје, од денес почнаа да волонтираат во ковид центрите во Скопје, информираат од Министерство за здравство.

Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата.

Утрово министерот Венко Филипче на состанокот на интерните клиники со преставниците од ВМЦ и студентите ја поздрави нивната одлука и желбата да помогнат во работата на ковид центрите.

– Помошта која ни ја пружате за нас е многу значајна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со Ковид -19. Од друга страна за вас ова е искуство какво што можеби нема да имате прилика да го видите во вашата кариера како лекари.

Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Болеста е нова и непредвидлива. Клиничката манифестација е различна за секој пациент. Се соочуваме со нешто ново во медицината и за сите нас ова е во исто време и медицински проблем, но и предизвик, рече Филипче на состанокот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа седум нови лица од Ковид-19, најмладиот е на 43-годишна возраст

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ бара информации за тоа кои политичари од власта се вакцинирале против Ковид-19

Редакција

Дурловски за понудата на Заев: Подарената слобода на неправедно обвинет ќе биде претежок товар

Редакција