Негувателка во градинка во Кавадарци е позитивна на Ковид-19. Во изолација се 13 деца, една негувателка и една воспитувачка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.
– Изминатите 24 часа регистрирани се 44 случаи позитивни на коронавирусот во Тиквешијата. Дваесет и четири од Кавадарци, по десет од Неготино и од Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 13 години, истакна Јовановски.
Тој додаде дека се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.
МИА/Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.