еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по македонските болници

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 631 пациент позитивен и суспектен на коронвирусот, соопшти Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 36 пациенти, во Велес се лекуваат 35 болни, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 72 во ковид центарот во Гостивар 35, а во Струга 36 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 61 пациент, во Кочани 19 во Кичево 20, Кавадарци 36, во  Гевгелија 19 лица, а во Дебар 6 позитивни  и суспектни на корона вирусот.

Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.045 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, информираат од Министерството.

Фото: Министерство за здравство

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложена оценката на обвинението за организаторите на настаните од 27. април

Редакција

Мицкоски од Љубљана: Две земји од ЕУ не сакаат да се утврди краен рок за интегрирање на Западен Балкан во ЕУ

Редакција

Комисиската расправа по нацрт-амандманите за промена на Уставот заврши, усвоен и четвртиот

Редакција