еМагазин
Image default
Македонија

Никогаш не сум кажал дека Бугарија била администратор во Македонија, вели Заев

Патриоти се тие кои го осигуруваат, обезбедуваат и заштитуваат македонскиот идентитет и јазик, а воедно ја осигуруваат, обезбедуваат и заштитуваат иднината на истиот тој народ кој зборува македонски јазик, како и на сите други народи кои живеат во нашата земја. Ако зборуваме со зборови на внимателност и пријателство можеме да им обезбедиме иднина на граѓаните. Денеска сме членка на НАТО како Македонци што зборуваат македонски јазик. Ќе бидеме и членка на ЕУ како Македонци што зборуваат македонски јазик, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Со Бугарија ја биев европската битка заради европска иднина на нашиот народ, почитувајќи ги партизаните и комитите затоа што тие се дел од нашата историја.

Како што е не одвоив дел целиот живот и дело на Гоце Делчев со македонската држава, така е и на партизаните. Тие успеале со борбата од 1941 до 1944 година да ја создадеме конечно македонската држава, ама денеска има нови битки што се водат и во тие битки ќе бидеме јунаци или ќе се криеме.

Нема да се криеме, туку ќе се бориме затоа што нашите деца очекуваат да победиме во битките на 21 век, да бидат во ЕУ и да бидат сигурни и стабилни како што се сега во НАТО, а не во некои кулоари и крчми повторно да ни ја крчмат Македонија.

Не, денеска е заштитена од НАТО и конечно оваа држава има имотен лист. Таа битка ја водам и ќе продолжам да ја водам европската битка, рече Заев во одговор на пратеничко прашање на денешната седница на Собранието.

Нагласи дека и нему ќе му било лесно после, како што рече, оваа горчина од Бугарија, да излезам како тогаш направи Груевски, во 2008 година, и буквално да ја осудам и Македонија и целиот народ во изолација скарани со сите пет соседи.

-Сакаме во Европа заради тоа што тие ја имаат заокружено историјата. Ја имаат потврдено, ја почитуваат ама ја градат иднината, истакна Заев.

Порача дека во Втората светска војна Бугарија не била администратор во Македонија, туку окупатор.

– Никогаш, ама баш никогаш не сум кажал дека Бугарија била администратор во Македонија. Администрацијата или тогашната власт се приклучила кон Третиот рајх и затоа не може цела Бугарија да ја правите фашистичка.

Тоа не е ниту европско, ниту му личи на 21-от век. Фашизмот е карактеристика на поединецот и не е на цели нации и не може да ги обоите цели нации дека се фашистички. Тоа не е ниту македонско, ниту европско.

Ниту треба нашиот народ да заборави, ниту да прости, но треба да ја градиме и димензионираме иднината. Секако дека фашисти ги убиле сите наши сограѓани и нашите народни херои, но не може да се зборува за цела Бугарија, Германија, Италија, потенцира Заев.

Факт е, додаде, дека бугарската војска и помогнала на нашата Народноослободителна војска да се ослободат Крива Паланка и Куманово и тоа го има во сите учебници.

-Истите договори кои ние сме ги постигнале ги постигнеле и Полска и Германија, Словачка и Чешка со Германија. Со договорите е потврдено дека минатото нема никогаш да го заборавиме, но ќе се посветиме на иднината.

Можам да бидам квази патриот ама мојот народ ќе биде овде во балканско сивило додека сите други народи и народности одат напред, го осовременуваат својот живот и носат подобра иднина на своите деца.

Затоа зборувам со европски зборови – со зборови на пријателство, а не со зборови на непријателство и кои предизвикуваат провокации од двете страни. Со тоа не значи дека се откажуваме од минатото, напротив нашето минато е наша гордост, наша тага и извор на нашата сегашност и иднина, но како ќе се поставиме зависи од нас. Затоа историјата што сега ја пишуваме може да биде перспектива и европска, посочи Заев.

Триесет години во непријателство со соседите, додаде, видовме до каде не донесоа – ни се испразни државата ги изгубивме младите.

-Оваа наша држава била окупирана и освојувана и поминувале секакви војски и сепак народот опстоил и бил тука, но се празнел само кога доаѓале квази патриот и парољубци.

Можеме и да кажеме дека не сме за Европа и дека можеме сами, но ќе се однесуваме одговорно и ќе градиме пријателство при тоа со целосна заштита на тоа што е наша светост – национална посебност, македонски јазик, македонски народ, македонски идентитет, како и идентитетите на сите помалку бројни заедници во нашата заедничка татковина, потенцира премиерот Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имало бугарска окупација или инвазија, но не фашистичка, вели Ѓорѓиев, претседателот на македонскиот дел од заедничката Комисија

Редакција

Антикорупциска: Изминативе десет години направени 32 интервенции во Изборниот законик

Редакција

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција