еМагазин
Image default
Македонија

Учениците од денеска на распуст, наставата продолжува на 21 јануари

Основците и средношколците од денеска се на зимски распуст кој ќе трае до 20 јануари. Наредниот ден учениците ќе ја продолжат наставата од второто полугодие на учебната 2020/2021 – во училишните клупи или пред ИТ-уредите.

Зимскиот распуст е во период како и во минатите години и, иако имаше барања, не беше предвремен затоа што повеќето од вкупниот број ученици во земјава наставата ја следат онлајн, а кај оние со физичко присуство, како што информираше Министерството за образование и наука, заразени ученици и наставници има под еден процент и училиштата не се преносители на вирусот.

Оваа година првото полугодие траеше пократко, три месеци, зашто согласно со измените на Календарот за организација на работата на училиштата (основни и средни), почна еден месец подоцна, односно на 1 октомври, а бројот на наставни денови е намален од 180 на 159.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајанов: Мора сите да го видиме Протоколот, нецела страница добивме, мислам дека е тоа несериозен и неодговорен пристап

Редакција

И во Струга се подготвува терен за поставување на модуларна болница

Редакција

Судење „Тортура“: БЈБ, а не УБК ја водело акцијата за лишување од слобода на Љубе Бошкоски, тврди одбраната на Мијалков

Редакција