еМагазин
Image default
Македонија

1.357 вработени службеници кои не работат, а земаат плата ќе бидат распоредени во 258 институции

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците соопшти дека денеска во согласност со законските обврски до Владата ги доставила информациите со планот за распределба на административните службеници.

Во соопштението се наведува дека првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби го доставил планот за распределба на административните службеници две недели пред крајниот рок утврден од Владата.

-Согласно член 4 став (1) од Законот за преземање на административни службеници вработени преку K5 програмата во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, вкупно 1.357 административни службеници ќе бидат распределени во вкупно 258 институции на локална самоуправа и други државни органи основани во согласност со Уставот и законот, се наведува во соопштението.

Оваа категорија  вработени, како што се наведува, ќе бидат систематизирани во институции кои вршат активности од областа на образованието, науката, здравството, културата, социјалната заштита и заштитата на децата, спортот, како и други дејствија од јавен интерес утврдени со закон и организирани како јавни агенции, фондови, институции и претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општини, од Град Скопје, но исто така и од општини на град Скопје и државни акционерски агенции.

Првиот вицепремиер Груби вели дека Планот ги опфаќа вработените во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, кои засновале работен однос заклучно со 31 декември 2019 година.

Согласно планот, вработениот ќе биде распореден во друга институција на работно место на исто ниво односно на работно место за кое вработениот ги исполнува општите и посебните услови утврдени во актот за систематизација на работни места во институцијата во која се распоредува, рекол Груби, се наведува во соопштението од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Фото: Министерство за политички систем

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средба Заев – Радев: Македонија и Бугарија заедно тагуваат за жртвите од автобуската несреќа

Редакција

ДИК го отфрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ: И Ново Село доби градоначалник

Редакција

Ковачевски бара извинување од ВМРО-ДПМНЕ за аферата „Броило“, не прецизирајќи дали ќе тужи

Редакција