еМагазин
Image default
Македонија

Георги Прванов: Борисов и Заев по втор пат го задушија Илинденското востание

Поранешниот претседател на Бугарија Георги Прванов, кој е и историчар и основач на партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ), во интервју за „24 часа“ изјави дека смета оти концептот „заедничка историја“ од Договорот за добрососедство помеѓу Северна Македонија и Бугарија три години нема мрднато од мртва точка.

„Во мојата книга има големо поглавје за македонското прашање и мојот заклучок е дека во 2019 година, кога уште еднаш се сретнаа Борисов и Заев, е дека беше задушено Илинденско-преображенското востание по втор пат, и побрутално. Во фигуративна смисла, се разбира“, вели Прванов.

Според него, ништо реално не се случило по договорот и оти требало да има работа и резултати во две насоки.

„Прво, дефиниција за поимот „заедничка историја“. За мене, тоа значи запишување кратко и јасно дека кај населението на денешна Северна Македонија, на Вардарска Македонија со векови до првите децении на дваесеттиот век постоел бугарски национален идентитет.

А револуционерната организација во овој период имала бугарски национални цели и задачи. За периодот потоа не се расправаме, го признаваме правото на различност на нашите браќа од Скопје“, рече Прванов.

Оценува дека тоа оди рака под рака со нешто друго кажано од Бојко Борисов и Зоран Заев уште во 2017 година и премногу брзо беше заборавено, како што вели, „дека сме најблиски народи на Балканот. Но, како резултат на настаните во последните три години сега сме најнепријателските народи на Балканот. Тука е веќе невидена катастрофа за македонското прашање“.

На прашањето како ова може да се промени, вели врз основа на билатерални разговори.

„Нашите дипломати погрешно мислеа дека тоа ќе се случи со убедување на нашите европски партнери да ја прифатат нашата позиција. Јас ќе дадам пример – во AБВ објавивме добра книга за Илинденското востание и дипломатите од тие години.

Сите дипломати таму тврдат дека населението е бугарско, а истовремено и сите нивни надредени – премиери, министри, императори, тврдат дека не бива да се дозволи слобода на Бугарите од Македонија.

Зошто? Затоа што тогаш Бугарија ќе станеше многу голема и силна земја и ќе се меша со нивните интереси. И сега е погрешно да се мисли дека ќе ги убедиме. Не, за жал. Потрошивме многу време. За жал, гледам како од Американците, преку Германците и другите европските земји ја бранат македонската позиција“, оценува тој.

Прванов тврди дека треба да се преговара за прашањето со Скопје со посилна позиција.

„Но, со три реченици, не со таа „Рамковна позиција“, што беше усвоена од Владата и Парламентот, во која се напишани десетици страници тврдења што никој од нашите партнери нема да ги прочита, а камоли да ги разбере и да даде поддршка“, истакнува Прванов.

МИА/Фото:Фејсбук/Прванов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бројот на починати од корона вирусот во Македонија се ближи до 300

Редакција

Штипското Инфективно одделение од вчера повторно е ставено во функција

Редакција

Јанакиески и Ристоски нападнати во затворот Шутка

Редакција