еМагазин
Image default
Локално

Татко и син приведени за напад врз вработен во пајак службата во Тетово

Татко и син се приведени од полицијата откако претходно истепале вработен во службата за градски паркинг и специјалното возило „пајак“ денеска околу пладне во Тетово. Инцидентот се случил на улицата „Илинденска“ каде таткото и синот се расправале со вработениот и го нападнале.

Од СВР Тетово за МИА потврдија дека две лица се задржани во полициска станица по пријавен напад од пајак службата.

-Во 12 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово на улица „Илинденска“ во Тетово, во непосредна близина на градскиот плоштад, ги привеле тетовците Х.Т.(19) и Ш.Т.(47), кои претходно физички го нападнале С.М.(49) од тетовска Шипковица, вработен во тетовската „пајак-служба“.

Двајцата пријавени за физичкиот напад задржани се во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе им биде изготвен соодветен поднесок, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Вчера приведен бил 46 – годишник од Тетово поради агресивно однесување кон полициски службеници додека вршеле работни задачи на улицата „Иво Лола Рибар“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвара влезот на Охрид кој беше затворен поради градежни работи

Редакција

Двајца параглајдеристи загинаа кај Мечкин Камен, обвинителство ќе ја истражува несреќата

Редакција

Охриѓанец физички нападнал полицајци

Редакција