еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за угостител од Дебар кој работел по дозволеното време

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Е.С.(20) од Дебар и против правно лице со седиште во Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира МВР.

„При контрола извршена на 09.01.2021 полициски службеници и овластени лица од Државниот пазарен инспекторат констатирале дека Е.С., како одговорно лице, свесно дозволил работа на угостителски објект после 18.00 часот, каде биле затекнати осум гости, а таблата со натпис на фирмата неовластено била преместена и поставена на различна локација од постојната, внесена во Централниот регистар.

Со тоа, постапиле спротивно на одлуките, одредбите, безбедносните протоколи и превентивните препораки за работа на угостителските објекти и другите мерки за заштита на населението од заразната болест Ковид-19“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неексплодирана граната прoнајдена во село во тетовско

Редакција

Обвинителство прибира докази: Возачот кој на пешачки ја усмрти 24-годишната девојка од Радовиш, на распит во полициска станица

Редакција

Трилер во Скопје: Татко и два сина претепале и прегазиле шест полицајци

Редакција