еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната нето-плата во декември изнесувала 28.294 денари

Просечната нето-плата по вработен во декември изнесувала 28.294 денари што е за 5,4 зголемена во однос на истиот месец лани, објави Државен завод за статистика.

Просечната бруто-плата изнесувала 42.227 денари.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (15.5 %), Рударство и вадење на камен (10.5 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (10.0 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (14.4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (12.5 %) и Рударство и вадење на камен (10.6 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со чартер-лет на „ТУИ“ во Охрид пристигна првата група туристи од Холандија

Редакција

На Листата на должници на УЈП во април 1.723 правни и 3.326 физички лица

Редакција

Кои се препораките за домаќинствата, фирмите и институциите за штедење на струја

Редакција