еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Друмарина“

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Друмарина“, во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, што го чинело Собранието околу 100.000 евра.

Бонева најави дека со 7.000 докази ќе докаже дека не давала лажни фискални сметки од патарини и оти не е рекордер по патни трошоци.

Судењето во овој случај го води судијата Марин Станевски, а обвинението е застапено од обвинител Артан Ајро.

На денешното рочиште предвидено е да сведочат едно вешто лице и тројца сведоци.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ предлага по 14.500 денари за април и мај за сите вработени во фирми погодени од кризата

Редакција

Автобусот на „Дурмо турс“ имал уред за манипулација на брзината, тврди возач од компанијата

Редакција

Нови 143 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција