еМагазин
Image default
Локално

Во Гевгелија загина градежник по пад од скеле

Во полициската станица во Гевгелија вчера околу 13 чаот и 15 минути од екипа на Итната медицинска помош било пријавено дека кај објектот кој се гради на старата автобуска станица во центарот на градот имало починат работник.

По увидот што на местото на настанот го извршиле претставници на полициската станица, јавен обвинител и трудов инспектор било констатирано дека се работи за лицето Н.Т (45) од Богданци, кој изведувајќи градежни работи на објектот паднал од скеле и починал на лице место.

Телото на починатиот, по наредба на јавниот обвинител, било пренесено на обдукција во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со пиштол и нож расчистувале расправија во Тетово

Редакција

Повредени жена и 10-годишно девојче по удар од „Голф“

Редакција

(ВИДЕО+ФОТО) Гореше и во ресторанот „Рагуза“ во Скопје, пожарот изгаснат за кусо време

Редакција