еМагазин
Image default
Локално

Во СВР Тетово околу 300 повици за време на полицискиот час

Околу 300 повици имало во тетовската полиција од страна на граѓани кои сакале да се пријават дека имаат потреба да излезат од дома или да добијат информација околу полицискиот час, што синоќа беше спроведен на територија на целата држава.

– На телефонскиот број 192 во СВР Тетово се јавиле помеѓу 250 и 300 граѓани, најмногу да се пријават дека им се потребни здравствени услуги или да добијат некакви информации во врска со полицискиот час.

СВР Тетово повторно апелира до граѓаните доследно да се почитува владината одлука од сите граѓани подеднакво и сите  заедно да придонесеме за справување со коронавирусот, односно за  спречување на ширењето на Ковид-19, истакна портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Според информирациите од СВР Тетово немало прекршување на полицискиот час.

Првиот ден од практичната импелементција на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните од 22 до 05 часот наутро, на целото подрачје на СВР Тетово немало ниту едно непочитување односно прекршување на одлуката за полициски час, потенцира порпаролот на тетовската полиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за сопственик на угостителски објект кој работел по полноќ

Редакција

Во Кочани се враќа името на улицата „Маршал Тито“

Редакција

Кај затвореник во затворот во Струга пронајдени 250 грама марихуана

Редакција