еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Златна рипка вредна 1.000.000 денари „уловена“ во “Анафил“ во Кочани

Задоволство ни е да ви го претставиме Јорданчо Стојанков, добитник на главната премија од 1.000.000 денари од инстант лозот Златна рипка.

Среќниот добитник е од кочанското село Грдовци, сопственик е на автосервис и за себе вели дека е верен на игрите на среќа на Државна лотарија со години наназад.

Со сопругата и двете дечиња, Светлана и Јована и со добитниот инстант лоз купен во „Анафил“ во Кочани, дојде за исплата на добивката во нашата регионална благајна во истиот град.

Пресреќни и возбудени, се согласија да ја споделат со нас среќната приказна и со тоа да ги поттикнат нашите играчи да бидат упорни и да веруваат во среќата затоа што таа изненадува кога најмалку очекуваме.

Јорданчо, покрај секојдневните работни обврски, во слободно време при прошетка со своето семејство често ја предизвикува среќата со купување инстант лозови. Омилени инстант лозови на целото семејство се Златна рипка и инстант лозот – Доме, сладок Доме.

Минатата недела, при секојдневна прошетка во Кочани, од продажното место „Анафил“ купиле 4 инстант лоза Златна рипка, пред се за забава со откривање на полињата и можните помали добивки. Меѓутоа, воопшто не очекувале дека ќе ја откријат главната премија.

Бројот 12, на семејството Стојанкови, му исполни желба вредна 1.000.000 денари.

Најрадосни за добивката се ќерките Светлана и Јована за кои следат бројни подароци, а Јорданчо и неговата сопруга велат дека ќе продолжат да се забавуваат, но овојпат со најдомаќинскиот лоз на Државна лотарија – Доме, сладок Доме.

Продажното место „Анафил“ во Кочани е едно од најсреќните места во нашата земја. На барање на играчите од кочанскиот регион, Државна лотарија, минатата година, отвори благајна за исплата на добивки од игрите на среќа, па сега среќата е уште поблиску и побрзо стига до добитниците.

Златната рипка на Државна лотарија крие уште многу парични добивки кои чекаат на Вас, а ние Ве чекаме со нетрпение да ги слушнеме Вашите среќни приказни.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Четврти подвиг летово: Младиот Марко Пејчиновски преплива 30 км од Струга до Св. Наум

Редакција

(Фото) Купи километри на Skopje Run 10K за себе или за десетиците амбасадори затоа што #СекојКилометарЗначи за СОС Детско село

Редакција

Четири златни медали и една специјална награда за вината на „Tikveš Châteaux&Domainеs“ на престижниот „Мундус Вини“ во Германија

Редакција