еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото+видео) Јуни е време за „Јуниор деј“ на „Sport Life“

На 6 јуни во Спортско рекреативниот центар „Хиподром“ и ресторанот „Потковица“, се одржа „Junior Day”, настан на кој присуствуваа над 300 деца од цела Македонија, заедно со своите родители, вработени во компаниите на СЛ Холдингот: Спорт Лаиф, Златна Копачка, Спорт Лаиф Гејминг и БЕТ О2 и на компаниите ЏС Актуел и Ј.Е.С Глобал, информираат од таму.

„Овој заеднички настан претставуваше незаборавен ден за сите нас. Тој преминува во традиција и секојпат е исполнет со рекреативни и забавни активности, натпревари и голем број награди. Но, секоја година е посебна по нешто.

Децата овојпат имаа можност да јаваат на преубавите пони коњчиња Ромео и Јулија, а крајот на настанот беше збогатен со наградна лотарија. Се извлекуваа бројни подароци за децата – таблети, тротинети, скироли, фудбалски топки, пикада, велосипед и други награди.

Видовме многу возбудени и среќни  дечиња, а на најсреќното од нив, кое беше од Велес, му припадна главната награда – велосипедот“, истакнаа организаторите од „Спорт Лаиф“.

„Junior Day” е ден за заедничка средба вон работните места и ден за одлична забава за вработените и нивните најмили, оваа година тоа го видовме во природата и убавините на Спортско рекреативниот центар Хиподром, а за следната подготвуваме нови изненадувања, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Забележан уште еден рис во Маврово

Редакција

Нов пивски бренд во портфолиото на Пивара Скопје – Heineken 0.0 безалкохолно пиво

Редакција

Сѐ е подготвено за 99 МЕГАСТАРС – ден за музика, ден за награди, ден за незаборавни моменти

Редакција