еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

До 31 август бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи во системот за централно греење

Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, започнуваме акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за централно греење, велат од ЕСМ.

„Акцијата за бесплатно приклучување важи до 31 август 2023 година и ќе биде спроведена по принципот „прв пријавен, прв услужен“. Поволностите од акцијата за бесплатно приклучување важат само во објектите кои се приклучени на централниот систем за греење и каде има техничка можност за приклучување на станот или деловниот простор.

Ги покануваме заинтересираните потрошувачи за сите неопходни информации за постапката за приклучување да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075/400-100.

За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување потребно е да поднесат писмено барање за приклучување во некој од пунктовите за потрошувачи на ЕСМ Снабдување со топлина,“ се вели во соопштението.

По завршување на акцијата, односно од 1 септември 2023 година, приклучувањето ќе се наплаќа во целост согласно важечкиот ценовник.

Бесплатното приклучување на исклучените потрошувачи подразбира бесплатно испуштање на вода од системот за централно греење како и работна рака без надоместок. Секоја дополнителна интервенција на внатрешната грејна инсталацијата ќе се наплаќа согласно ценовникот за сервисни услуги.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Слаб интерес: Обезбедена конвалесцентна плазма за третман на само 31 пациент со Ковид-19

Редакција

(Фото) На 3. август Лидл почнува со градба на маркет во Битола

Редакција

(Видео) Руската морнарица ја гранатирашe Одеса: Жителите на градот со вреќи песок прават барикади

Редакција