еМагазин
Image default
Локално

Две кафулиња во центарот на Скопје вечерва се затворени заради журки и непочитување на ковид-мерките

Две кафулиња во центарот на Скопје биле затворени поради прекршување на ковид-мерките.

„Начекавме атмосфера на разиграни млади луѓе, гласна музика, со еден збор на големо кршење на ковид протоколите. Двете кафулињата ги празниме без асистенција на полиција. Ќе бидат затворени од 10 до 30 дена, ќе заработат парична казна од 5.200 евра, како и прекршочна пријава.

Денеска затворивме и една игротека во која се славеше роденден со повеќе славеници“, изјави директорот на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски за „sdk.mk“. 

Во првото кафуле кое се наоѓа во близина на Министерството за здравство и Клиничкиот центар било толку полно што луѓе не можеле да се разминат, а додека во вториот објект во населбата Капиштец имало журка како во времињата пред пандемијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мала плантажа со марихуана откриена под мост во близина на Блаце

Редакција

Гевгеличанец повеќепати силувал другарка на неговиот роденден, држејќи и секира до него

Редакција

Кривична пријава за поранешен градоначалник на Карбинци

Редакција