Забраната за движење во периодот од 22 часот синоќа до 05 часот изутрината не ја почитувале 28 лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 369 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.