еМагазин
Image default
Македонија

По ставот на Европската агенција за лекови: Вакцината „АстраЗенека“ во Македонија нема да се дава на лица под 60 години

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утрово во редовната координација со членовите на работната група за имунизација и со директорите на клиниките се разгледувал и ставот на бордот на Европската агенција за лекови (ЕМА) во врска со безбедноста на вакцината „АстраЗенека“.

Согласно препораките на Европската агенција за лекови да секоја држава завземе сопствен став за употреба на вакцината, одлучено е дека вакцината „АстраЗенека“ кај нас ќе се аплицира исклучиво на лица постари од 60 години.

„Утрово разговаравме и го разгледувавме ставот на бордот на Европската агенција за лекови во врска со безбедноста на вакцината на „АстраЗенека“, после евалуацијата на сите тие несакани ефекти во форма на тромботични состојби посебно кај млади луѓе, бордот излезе со две препораки, првата е дека тие несакани тромботични ефекти треба да влезат во упатството на самата вакцина и второ дека секоја држава треба за завземе став во однос на тоа како ќе се користи вакцината.

И согласно тоа, после утринските консултации донесовме став да вакцината на „АстраЗенека“ не се дава на лица помлади лица од 60 години во нашата земја,” рече Филипче.

За сите граѓани кои ја примија вакцината на „АстраЗенека“ во Србија, доколку почувствуваат некакви симптоми најдобро е да се јават на контола и преглед кај лекар, а за ревакцинацијата на овие лица дополнително ќе се одлучува врз основа на насоките од националните светски агенции.

„Во однос на претпазливост кај тие што веќе добија една доза на вакцина на „АстраЗенека“, тоа се луѓето коишто се вакцинираа со оваа вакцина во Србија нема никакви препораки за било каква претпазливост освен да ако имаат некакви симптоми се јават на контрола и преглед кај лекар, а во однос на ревакцината со оглед на тоа што треба да дојде за период од некои 3 месеци, засега нема некој став, ќе ги пратиме и насоките и од ЕМА и од други национални агенции и во текот на следниот период ќе завземеме став и во однос на ова прашање,“ рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“, препорачуваат од Европската агенција за лекови

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците ги изгласаа и законите за одбрана и за Советот на јавни обвинители

Редакција

Започна скринигот на учениците за Ковид-19: Тестираните ученици од скопското училиште „Зеф Љуш Марку“ се негативни

Редакција

Државата ќе ги преземе ингеренциите во градежништвото од Струга и од Охрид

Редакција