еМагазин
Image default
Свет

Алесандра Галони нова уредничка на „Ројтерс“, прва жена на таа позиција на најстарата светска агенција

Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на „Ројтерс“, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција.

Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во „Ројтерс“, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април.

Таа има долгогодишно искуство во покривање економски теми и политика, а пред да дојде во „Ројтерс“ работеше за „Волстрит журнал„.

За „Ројтерс“ моментално работат 2.450 новинари.

МИА/Фото: Фејсбук/Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрон по разговорот со Путин: „Најлошото допрва доаѓа“

Редакција

Во Русија досега мобилизирани над 200 илјади лица

Редакција

Студија: Евтиниот антидепресив Флувоксамин го намалува ризикот од долга хоспитализација кај пациенти со Ковид-19

Редакција