еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Видео) Прв пат во Македонија: Со виртуелен шоуром претставена модната колекција на „Лудус“

„Лудус” ја промовираше последната колекција за есен/зима 2021/22 година насловена „Пост-родовост Поглавје IV” со дигитална кампања и виртуелен шоурум. Новиот начин на претставување е во чекор со условите диктирани од пандемијата и технолошките достигнувања и предности на ВР технологијата.

Виртуелниот шоурум достапен на веб-сајтот на „Лудус” овозможува директна прошетка и набљудување одблиску на моделите што ја сочинуват колекцијата.

Проектот беше направен со љубезно отстапување на денсинг салата од Младинскиот Културен Центар во Скопје, каде минатиот месец беше скенирана колекцијата поставена на 16 модели, од кои дел беа поддржувачи и пријатели на брендот, а дел нови лица од агенцијата Моделс Ин.

„Колекцијата е четврт дел од низата колекции насловени како „Пост-родовост” и ја застапува темата на родова еднаквост и футуристичката визија за елиминирање на родот и родовите улоги.

Истовремено таа е формално истражување на родовата неутралност преку модниот јазик и концептно продлабочување на естетиката на брендот започната пред неколку сезони.

Со почетокот на пандемијата Лудус ги зајакна принципите на одржливост и етичко производство, па така и овој пат во колекцијата застапени се рачно и природно обоени текстилни парчиња, како и ботанички обоена волница од која се направени рачно плетени џемпери/фустани со издолжени пропорции.

Токму џемперите се досега најодржливиот и најеколошкиот производ на „Лудус” поради тоа што 100% природната сурова волна е набавена од локални производители во близина на Велес, а плетењето е направено од долгогодишната соработничка на брендот Верица Трифунова.

Така е постигнат производ што не само што вклучува употреба и ревитализација на занаети и природни суровини што полека замираат, туку и нивното боење е целосно еколошко без никакви токсични материи што би влијаеле на животната средина или директно на кожата на потрошувачите.

Исто така направени се и кожени чевли во соработка со локален занаетчија, кои ја придружуваат колекцијата“, велат од Лудус.

„Лудус” е застапен на странскиот пазар преку продажбата од сопствениот сајт ludus.com.mk, неколку интернет продавници во Европа, Англија и САД, како и концептуалната продавница „Пентља” во Љубљана, долгогодишен застапник на колекциите на „Лудус”, каде ќе може да се најде и оваа колекција.

Фото/Видео: Youtube/Лудус

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за катастар нa недвижности на привремени вработувања ќе потроши 6,8 милиони денари

Редакција

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Редакција

Прв возрасен пациент примен во детската болница Козле

Редакција