еМагазин
Image default
Свет

Алесандра Галони нова уредничка на „Ројтерс“, прва жена на таа позиција на најстарата светска агенција

Алесандра Галони ќе стане главна и одговорна уредничка на „Ројтерс“, прва жена на таа позиција во 170-годишната историја на оваа агенција.

Галони (47) е родена во Рим. Досега таа беше една од уредниците во „Ројтерс“, а на местото главен уредник ќе го замени Стивен Адлер, кој ќе се пензионира кон крајот на април.

Таа има долгогодишно искуство во покривање економски теми и политика, а пред да дојде во „Ројтерс“ работеше за „Волстрит журнал„.

За „Ројтерс“ моментално работат 2.450 новинари.

МИА/Фото: Фејсбук/Ројтерс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акциите на „Тесла“ со огромен раст по изјавата на Илон Маск дека размислува компанијата да ја претвори во приватна фирма

Редакција

Белорусија прифати да распореди руско тактичко нуклеарно оружје на својата територија

Редакција

(Во живо) Погреб на кралицата Елизабета Втора

Редакција