еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Белорусија прифати да распореди руско тактичко нуклеарно оружје на својата територија

Белорусија денеска одговори дека одлучила да го прифати руското тактичко нуклеарно оружје по долгогодишниот притисок од САД и нивните сојузници, насочен кон промена на политичката и геополитичка насока, наведе Хина.

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека Москва во иднина ќе се обиде да распореди тактичко нуклеарно оружје кај верниот сојузник и сосед Белорусија, со што ќе го ескалира конфликтот со Западот.

Белоруското Министерство за надворешни работи денеска ја бранеше својата одлука да соработува со Русија, наведувајќи дека Минск дејствува за да се заштити од Западот.

„Во текот на изминатите две и пол години, Република Белорусија беше изложена на невиден политички, економски и информативен притисок од САД, Обединетото Кралство и нивните сојузници во НАТО, како и од земјите членки на Европската унија“, се наведува во соопштението на белоруското МНР.

„Со оглед на овие околности и оправданите грижи и ризици во сферата на националната безбедност што произлегуваат од нив, Белорусија е принудена да одговори со зајакнување на сопствените безбедносни и одбранбени капацитети“, се додава во соопштението.

Минск соопшти дека руските нуклеарни планови нема да бидат во спротивност со меѓународните договори за неширење на нуклеарното оружје, бидејќи самата Белорусија нема да има контрола над оружјето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија ќе распореди нуклеарно оружје во Белорусија, најави Путин

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одобрено обвинението за „Поштенска банка“

Редакција

(Галерија) Куманово накитено за новогодишните празници

Редакција

Уставен ја укина Одлуката за ДУП во скопски Центар, кој ги опфаќа и атрактивните парцели на Водно

Редакција