еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Избор на агенцијата „Марили“: Оваа се најуспешните жени менаџерки во Македонија

Агенцијата „Марили“, славејќи го јубилејот од 25 години работење, на „Изборот за најуспешни менаџерки“ награди 25 бизнис жени, кои допринеле со својата работа во општеството, а кои биле дел од досегашните избори на оваа традционална манефестација.

Наградени се Валентина Тасева, генерален менаџер на „Семос Едукација“, м-р Мирјана Паунова, генерален менаџер на „Минако“- Скопје, д-р Жанина Петрова-Грајиќ, сопственик и менаџер на ПЗУ Центар за очи „Визиа“, Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија, Виолета Поп Василева, претседател на Одборот на директори на „Нов Осигурителен Брокер“, Верица Милеска Стефановска, генерален менаџер на МДН Обезбедување, Елена Младеновска-Јеленковиќ, директор на М6 Едукативен центар и менаџер за корпоративни комуникации на М6, Анета Антова Пешева, генерален менаџер на „Ултра-Унет“ групација на компании, м-р Мара Акимовска, менаџер за продажба и маркетинг во „Европа Лек Фарма“ (El Pharma), Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт продукција“ – Скопје, Искра Спироска Ивановска, генерален менаџер на „Тим Консалтинг“, Вал Јусуфи, извршен менаџер на ЛЕОРОН ГРУП – Дубаи, менаџерски тим на „Кромберг и Шуберт Македонија“,  Васка Мојсовска, генерален менаџер на „Агро Калем“ Тимјаник и претседател на Национална федерација на фармери, Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер на Конгресен сервисен центар, д-р Елена Василевска-Ѓеоргиева, специјалист по ортодонција, член на Управeн одбор на Поликлиника „Дента ЕС“ – Скопје, Билјана Караманолевска, генерален менаџер на детски градинки „Светот на Колорес“- Скопје, д-р Горица Дачевска, специјалист по дерматовенерологија, генерален менаџер на ПЗУ „Др.Горица“, Пенка Мукаетова, основач и генерален менаџер на „Консалтинг Интер Груп“ – Скопје, м-р Лидија Таскова Попова, генерален менаџер на ЕСП – Развој и управување на човечки ресурси, м-р Магдалена Трајковска Трпевска, основач и генерален менаџер на „Технолаб“, Даниела Адемоска, сопственик и извршен директор на „Double Tree by Hilton“ Skopje, Јасна Ажиевска Петрушева, член на Одбор на директори на Мермерен Комбинат АД Прилеп, административен извршен директор, м-р Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions, Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“.

Наградени беа и четири жени од други области кои се успешни и докажани професионалци во својата дејност: Сава Димитрова, поранешен генерален менаџер на „Европа“ АД Скопје, актуелен претседател на Надзорен одбор на Комерцијална банка АД Скопје, Весна Ѓиновска-Илкова, оперска певица, сопран, првенец солист во Национална опера и балет, Дита Старова-Ќерими, директор на Национална галерија, Ели Танасковска, уредник и водител на националната телевизија.

Фото: Марили/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макрадули не гледа конфликт на интереси во тоа што фирма на неговата сопруга добила државни тендери

Редакција

На Милошоски му застарува делото за „Моќник“, судските трошоци ќе ги платат граѓаните

Редакција

Касами го исклучи Кастриот Реџепи од Беса

Редакција