еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Милошоски му застарува делото за „Моќник“, судските трошоци ќе ги платат граѓаните

Застарува и случајот „Моќник“ за пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Случајот „Моќник“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство е во врска со продажба на државен имот во Општина Македонски Брод.

„На денешната главна расправа за предметот со К.бр. 2616/20 од Обвинителството означен како „Моќник“, јавниот обвинител во завршните зборови, изврши прецизирање на диспозитивот на обвинителниот акт во обвинителен предлог, како и измени во правната квалификација на кривичните дела кои им се ставаат на товар на обвинетите со кои измени: Прво обвинетиот М.М. сторил кривично дело Измам од чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 вв со чл. 23 од КЗ, Второ обвинетиот М.В. сторил кривично дело чл. 247 ст.3 в.в. со ст. 1 од КЗ, Трето обвинетиот А.М. сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 вв со ст. 1 од КЗ.

Согласно направените измени од страна на јавниот обвинител и тоа во фаза на завршни зборови, судот, по сила на Законот односно чл. 402 т.6 од ЗКП, донесе пресуда со која обвинителниот предлог се одбива заради настаната апсолутна застареност на кривичното гонење согласно чл. 107 ст.1 т. 4 вв со чл. 108 ст.6 од КЗ, информираа од Кривичен суд, од каде велат дека трошоците на постапката паѓаат на товар на Буџетот, односно граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Милошоски нема да одговара за злоупотреба на службена дејност во „Моќник“, само за измама

Фото: Милошоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не постои цена за Искра да земе здив: Потребен е мобилен респиратор

Редакција

Судење за „Титаник 2“: Ибраими призна дека му се јавил на Тачи пред гласање во ДИК

Редакција

Тито Беличанец даде оставка од Одборот на директори на „Тетекс“

Редакција