еМагазин
Image default
Локално

Лишен од слобода агентот за недвижности кој при продажба на станови оштети повеќе граѓани

Агентот за недвижности кој со капар од 32 илјади евра оштети повеќе купувачи, утрово е лишен од слобода. МИА дознава од доброупатени извори дека Единицата за економски и компјутерски криминал, по наредба на надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство, го лишила од слобода лицето против кого беа поднесени неколку кривични пријави од страна на оштетени граѓани за сторено кривично дело измама.

Лицето, според информациите на МИА, е предадено на надлежна полициска станица за понатамошна постапка за потребите на истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје кое оформи предмет пред три дена по пријавите на граѓаните.

Агентот е уапсен три недели по пријавувањето на случајот за кој пишуваше МИА во кој шестмина граѓани товарат агент за недвижности за измама според членот 247 од Кривичниот законик. Тие велат дека при обид за купување на стан, се измамени за вкупна сума од 32 илјади евра, при што секој засебно, оставил капар од по неколку илјади евра.

Покрај тоа што биле измамени за капар од 10 илјади евра за еден ист стан, МИА откри дека двајцата купувачи платиле и данок за промет на недвижности за истиот стан, секој засебно, во вкупен износ од близу три илјади евра.

Да плати данок за истиот стан тргнал и третиот оштетен, кој навреме дознал за измамата и веднаш ја повлекол пријавата за утврдување на данок на промет на недвижности поднесена до Град Скопје.

Од Град Скопје за МИА изјавија дека поради тоа што случајот е во истражна постапка сите дополнителни информации се во тајност.

Поради пресумпција на невиност и заштита на лични податоци, од приказната беа изоставени идентитетите. МИА продолжува да го следи случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Агент за недвижности за еден стан земал капар од повеќе купувачи: Парите ги нема

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец телесно ги повредил родителите оти не добил пари за роденден, Обвинителство бара притвор

Редакција

Загина 32-годишен маж од кичевско, излетал со возилото од патот

Редакција

Каменуван возот Скопје-Волково

Редакција