еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Рамсторе Македонија дел од завршната церемонија на програмата “Млади менаџери и бизнис лидери”

Денеска, нашата компанија Рамсторе беше дел од настанот организиран од Кабинетот на претседателот за доделување на сертификати на учесниците во програмата “Млади менаџери и бизнис лидери”, информираат од компанијата.

Ни претставува големо задоволство што Рамсторе по трет пат е дел од програмата Млади менаџери и бизнис лидери на Советот на странски инвеститори, а под покровителство на кабинетот на Претседателот на Р.С.Македонија, Стево Пендаровски, велат од компанијата.

„Веруваме дека со оваа програма им овозможивме на младите, талентирани и иновативни луѓе од Северна Македонија да ги надградат и да ги подобрат своите вештини, споделувајќи го нашето 16 годишно искуство во ретаил секторот, да ги развијат своите креативни и лидерски способности, преку предавања и обуки од областа на лидерство, но исто така имавме можност да ги слушнеме размислувањата и знаењата на младите преку подготвка на студија на случај и нивните практични совети кои ни оставија силен впечаток„, изјави Даниела Адемоска, генерален директор на Рамсторе Македонија.

Би сакала да изразам голема благодарност до Н.Е. Претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски за оваа прекрасна организација и неговата поддршка за препознавање на овој проект и инвестирање во него, додаде Даниела Адемоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село

Редакција

Сонот на гејмерите, лесно може да стане јаве!

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска подготвуваше оброци во Народната кујна во Шуто Оризари

Редакција