еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Вицепремиерот Николовски се вакцинираше против Ковид-19 со кинеската „Синофарм“

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, согласно Националниот план за имунизација, ја прими првата доза на вакцина за заштита од коронавирусот, на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ .

Николовски во изјава за медиумите, рече дека имунизацијата е клучна за побрзо да се стекне колективен имунитет и да се надмине здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

„Согласно националниот план за имунизација, тукушто ја примив првата доза од кинеската вакцина „Синофарм“, односно вакцината којашто беше достапна во моментот. Имунизацијата е клучна за побрзо да стекнеме колективен имунитет и да ја оставиме оваа тешка здравствена криза зад нас.

Само така, со заедничка одговорност придонесуваме кон колективното и јавно здравје, и само така побрзо ќе заврши оваа борба со пандемијата од Ковид-19,“ рече Николовски.

Тој посочи дека сите вакцини што пристигнуваат и што дополнително ќе пристигнуваат, се безбедни,  проверени, тестирани и сите еднакво штитат од хоспитализација, тешки форми на болеста и фатален исход.

„Затоа е важно, на секој што ќе му дојде редот за вакцинација согласно планот за имунизација, да се вакцинира со вакцината што е достапна во моментот. На овој начин, со вакцинацијата, ќе ја исполниме целта, ќе излеземе победници во оваа панедмија, за веќе во летниот период да имаме висок процент на имунизирано население.

Според информациите од Министерството за здравство, се зголемува бројот на новопријавени граѓани за вакцинација, и тоа е добро. Ги повикувам сите граѓани кои досега не го сториле тоа,  да се пријават за термин на vakcinacija.mk, да ги почитуваат добиените термини, да се вакцинираат, а со тоа да придонесат во справувањето со оваа битка,“ изјави Николовски.

Тој порача дека вакцинацијата не значи и комплетно опуштање, важно е, и натаму се додека организамот не создаде имунитет, да се почитуваат мерките за лична заштита – маска, растојание и негрупирање во затворени простории.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерите на ДОМ, ДС и ЛДП кај Пендаровски за „францускиот предлог“

Редакција

Ако застанеме со Законот за легализација на дивоградби ќе треба да рушиме 50.000 домови, рече Заев

Редакција

(Фото) Силјановска го посети штабот на Пендаровски, кој ја пречека?

Редакција