еМагазин
Image default
Локално

Жител на Струшко пронајден мртов до превртен автомобил

Седумдесет и шест годишен жител на струшкото село Ливада пронајден е мртов во близина на превртен автомобил во атарот на селото Делогожда.

СВР Охрид информира дека вчера во 19 часот и 40 минути во Одделението за внатрешна контрола – Струга било пријавено превртено возило марка „Нисан примера“ со струшки регистарски ознаки на шумски пат во атарот на Делогожда, а во близина на автомобилот имало починато лице.

– Од извршениот увид предводен од надлежен јавен обвинител, констатирано е дека се работи за Т.Д.(76) од струшкото село Ливада, кој при управувањето со автомобилот, изгубил контрола и излетал од патот, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дете од 12 години со остар предмет прободено во грбот кај „Зелен пазар“

Редакција

Редуциран возниот ред на ЈСП „Скопје“

Редакција

Повреден полицаец од Куманово кој се обидел да уапси штипјанец

Редакција