еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информира Министерството за здравство.

„Вкупно 131 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома е пуштен еден оздравен пациент.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 18 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 64 пациенти.

Вкупно 131 пациент потврден и сомнителен за Ковид-19 се лекува на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од Министерството.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ракометарот Борко Ристовски сведочеше за „организаторите на 27 април“

Редакција

Детален преглед низ болниците: Бројката на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 повторно повеќе од 300

Редакција

Доаѓа на местото на Сали Мурати: Добрила Кацарска избрана за нова претседателка на Уставен суд

Редакција