еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Во Ростуше се гради авантуристички парк за деца и возрасни

Во Ростуше се гради авантуристички парк за деца и возрасни, кој ќе содржи две зип линии, а ќе нуди и содржини кои се карактеристични за ваквиот тип на паркови.

„Зип линијата за возрасни ќе биде во должина од 80 метри, а 160 метри ќе биде движењето низ поставени пречки помеѓу дрвјата. Во паркот во исто време би можело да има од 40 до 50 луѓе, а дневно би го користеле до 500.

Исто така, предвидена е зип-линија за помали деца, која ќе биде одвоена од зип-линија за возрасни,“ вели координаторот на проектот, Костантин Циривири за „еМагазин“.

„еМагазин“ го посети местото каде што се гради паркот, и во делот кој што е предвиден да се гради зип-линијата за децата се пружа преубав поглед, од висина на 1.100 метри надморска височина.

Додека децата се рекреираат, за возрасните е предвидено да можат да користат услуги од економски оператор, кој би опслужувал со храна и пијалоци.

Она што општината треба да го направи е патиштата до таму да ги направи пристапни за полесно користење од страна на граѓаните и паркот да биде лесно достапен.

За оние семејства кои што ќе сакаат и лесна планинска рекреација, предвидена е патека низ планината која би почнувала од село Битуше и би завршувала до Авантуристичкиот парк.

Пешачењето би било околу 20 минути, а имајќи предвид дека станува збор за предел со преубави пејзажи, станува збор за вистинско уживање.

„Пристапот од Битуше до паркот ќе биде преку лесно достапна патека со навигација, преку која лесно ќе може родители со деца да се движат. Ќе има поставено патокази, маркации, кои ќе бидат лесно видливи и секој ќе може да се снајде,“ додава Циривири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Процена за ширење на Ковид-19: Македонија останува во 4 фаза подниво 3

Редакција

Објавени препораките за лекување и третман на Ковид-19, еве што пишува во нив

Редакција

Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 нови стипендии

Редакција