еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Како изгледа куќата на Радоичиќ, кој ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Милан Радоичиќ, потпретседателот на Српската листа, кој ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово е Пабло Ескобар од регионот, вели косовскиот министер за внатрешни работи, Џељај Свеќља, кој на социјалните мрежи објави видео од куќата на Радоичиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потпретседателот на Српската листа, Радоичиќ во целост ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Станува збор за имот на Ујманското езеро.

„Дури и од сликите што може да се видат, очигледно е дека не се работи за „борец за слобода“, туку за Пабло Ескобар од регионот.

Под превезот на бранител на граѓаните, тој и неговите соработници станаа мултимилионери на сметка на законот, државата и другите граѓани. Затоа, неопходно е да се истражи местото на злосторството сите овие години на северот на земјата заедно со целиот имот на терористичката група“, напиша Свеќља.

Фото/видео: Косовско МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Горат „белите дробови“ на планетава: Во Амазон пожар на територија голема колку Велика Британија

Редакција

Судот треба да пресече: Обвинителство се согласи Мијалков за 10 милиони евра гаранција да се брани од слобода

Редакција

Јужниот сосед вели нема, Србија тврди дека има договор, ама нема потпис за влез на Србите во Грција од 1 мај

Редакција