еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Потпретседателот на Српската листа, Радоичиќ во целост ја презеде одговорноста за инцидентот во Бањска во Косово

Милан Радоичиќ, досегашен потпретседател на Српската листа, во целост ја презеде одговорноста за настаните во селото Бањска на северот на Косово, се вели во изјавата што за медиумите ја прочита неговиот адвокат Горан Петронијевиќ.

„Ја известувам јавноста дека на 24 септември, заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово и Метохија во областа Бањска“, наведе Радоичиќ во изјавата, пренесува Н1.

Тој вели дека причината за неговото враќање во Косово била „да го охрабри народот во отпорот кон режимот на (премиерот) Албин Курти“.

Радоичиќ во својата изјава истакна дека во тоа немал никаква помош од белградските власти, ниту пак ги информирал за своите намери, бидејќи од претходно не се согласувале за повеќе работи.

„Ги информирам сите дежурни прогонувачи на српскиот народ дека лично ги направив сите логистички подготовки за одбрана на српскиот народ од окупаторите, а овој чин нема никаква врска со мојата претходна политичка инволвираност. Не известив никого од српските власти и локални структури за ова, ниту имав помош, бидејќи дотогаш веќе имавме разлики во мислењата“, се вели во писмената изјава на Радоичиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО испраќа дополнителни сили во Косово

МИА/Фото: Српска листа/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странци ќе го оправаат системот на Фондот за здравствено осигурување по хакерскиот напад

Редакција

(Фото) Мотоциклист од Македонија загина во сообраќајна несреќа помеѓу Подгорица и Цетиње

Редакција

Дизелот и „Еуросупер БС-95“ поевтинуваат за два денари

Редакција