еМагазин
Image default
Локално

Приведена жена поради напад врз свекрвата

Триесет и едногодишна жена од Доброште е приведена во полициска станица поради напад врз нејзината свекрва, информираат од СВР Тетово.

 -Околу 23 часот и 20 минути во тетовско Доброште службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 31-годишна жена од ова село, која дваесетина минути пред тоа во семејниот дом физички ја нападнала нејзината 65-годишна свекрва и ја оштетила покуќнината, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Таа е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кој ги пали палмите во дворот на клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Едно момче спасено од давење во Вардар кај неготинско Пепелиште, по друго се трага

Редакција

Спасено лице кое скокнало кај Камени мост во Вардар

Редакција