еМагазин
Image default
Да помогнеме

Да донираме за Марина Гулеска: Потребни се 9.000 евра за да може да ѝ се врати 80% од нормалното функционирање на левата рака и нога

Потребни се 9.000 евра за на Марина Гулеска да може да и се врати 80% од нормалното функционирање на левата рака и нога.

„Марина е самохрана мајка која пред 12 години имала крварење на мозокот по што цела нејзина лева страна од телото останала парализирана.

Во март месец Марина беше на роботна терапија во Ниш, но потребен е уште еден третман за да може да се постигне саканиот ефект.

Да не дозволиме парите да бидат причина за еден млад живот да може нормално да функционира. Да бидеме поддршка за Марина, да донираме и да и помогнеме да ги собере потребните парични средства,“ се вели во апелот на социјалните мрежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни сме ѝ на двегодишната Дина, која треба да има операција на тумор на главата

Редакција

(Фото) Неколку дена е исчезнат Роберт Плескоњиќ, кој излегол од дома и не се вратил

Редакција

На забавата за медицинари во ABC by Mosh ќе може да се донира за лекувањето на Леонид

Редакција