еМагазин
Image default
Спорт

Ракометниот клуб „Алкалоид“ започна со формирање на тимот – склучени првите договори со двајца млади играчи

Со склучувањето на првите два договора со едни од најперспективните млади ракометни надежи и репрезентативци, РК „Алкалоид“ го започна процесот на регрутација.

Мартин Серафимов (21 година), кој игра на позицијата десен бек и Игор Ѓоргиев (21 година), кој игра на позициите централен и лев бек, својата кариера ќе ја продолжат во новоформираниот ракометен клуб, РК „Алкалоид“.

Новиот македонски ракометен клуб, РК „Алкалоид“, е формиран со цел младите таленти кои имаат потенцијал и желба за игра правилно да се насочат и да се развиваат, во насока на градење врвни ракометни играчи со позитивни животни вредности.

Дефиниран систем на функционирање, правилна работа, како и интегритет и кредибилитет во работењето се основните начела за кои се залага овој клуб, велат од клубот.

Со организација на стручната работа РК „Алкалоид“ ќе се стреми да им овозможи на играчите квалитетен и напреден тренажен процес, со цел нивно натамошно развивање и градење како врвни ракометари, кои ќе ги вложуваат своето знаење, искуството и позитивните вредности во македонскиот ракомет, велат од клубот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Сите медали кои досега ги има освоено Македонија на Олимписките игри

Редакција

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Редакција

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

Редакција