еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Жител на штипското село Селце се сомничи за предизвикување на пожар на планината Серта

Четириесет и три годишен жител на штипското село Селце се сомничи дека го има предизвикано пожарот на планината Серта меѓу селата Селце и Драгоево.

Во соопштението на СВР-Штип се вели дека вчера во 14 часот, по наредба на Јавен обвинител, во Полициската станица Штип, во врска со пожарот што на 6 август 2021 година настана помеѓу селата Драгоево и Селце, штипско, на разговор бил повикан Е.Е. од село Селце.

–По наредба на Јавен обвинител од лицето биле одземени и дадени на вештачење предмети за кои постои сомнение дека биле користени при извршување на делото. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.

МИА претходно информираше и ги доби фотографиите од штипските пожарникари, на кои јасно се гледаат траги од мотор, кој можел без проблеми да се движи низ непристапниот терен.

Пожарот се активираше во неделата и гореше на врвот од високиот рид, до којшто никој не можеше да пристапи. Пожарот е изгаснат вчера во текот на претпладневните часови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Какви казни предвидува Кривичен законик за подметнување пожари

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За велигденските празници дожд, грмежи и ветер

Редакција

Двајца починати од Ковид-19 во Тетово, сите хоспитализирани на кислородна поддршка

Редакција

Варвициотис по средбата со Маричиќ: Анкара да го земе примерот на добри односи на Грција со Македонија

Редакција